Ќе горат мрежите во Вашингтон

8001 Вашингтон визадрс – Далас маверикс (01ч)

Доколку Бредли Бил се појави на паркетот, речиси сигурно дека двете екипи ќе приредат шоу со многу поени. Бековското дуо Бил – Вестбрук за противник ќе го има Лука Дончиќ, па токму од овие кошаркари ќе се очекува забавен дуел во Вашингтон.

Иако само во два од последните пет меѓусебни дуели овие две екипи играле со повеќе од 225 поени вкупно, во овој дел од регуларната сезона целта е да се остварат што повеќе победи, па затоа фокусот ќе биде во нападот.

Далас ја напаѓа четвртата победа во низа, додека Вашингтон сака излезе од мини-кризата со два нанижани порази.

Предлог тип: >227,5 поени (1.87)

 

8453 Филаделфија севентисиксерс – Минесота тимбервулвс (02ч)

Сиксерси веќе шест меча во низа немаат постигнато повеќе од 119 поени, но тоа не е голем проблем ако се знае дека издвоија четири победи. И во претходните три меѓусебни дуели меѓу овие две екипи, на Филаделфија ѝ беа потребни помалку поени за да слави победа, па големи се шансите така да биде и во оваа средба.

Минесота е најслаба екипа на Западот со само 12 победи во 49 натпревари, па затоа се очекува да загуби во меч во кој ќе нема голем број на поени.

Предлог тип: Т1 <119,5 поени (1.83)

 

8342 Џими Батлер (Мајами хит – Кливленд кавалирс, 02ч)

Батлер би требало да врзе два натпревари со 22 или повеќе поени, ако се знае дека звездата на Мајами ја предводеше екипата во победата над Голден стејт пред една ноќ.

Жешките нанижаа три победи и со сигурност ќе целат да ја продолжат серијата и против Кливленд, кој нема победено во Флорида од 2014 година. Во последниот меч против Кавси, Батлер беше неприкосновен со 28 поени и 12 скока, па нека блесне и ноќеска.

Предлог тип: Батлер >21,5 поени (1.85)

 

8477 Јута џез – Орландо меџик (03ч)

Јута пак се залета и планира од Орландо да направи деветта жртва во победничката серија. Лидерот на Западот буквално гази сè пред себе, а против една од најслабите екипи во лигата, се очекува Џезерите да издоминираат од почеток до крај.

Јута бележи низа од четири победи против Магичните, на кои не им се пишува добро на ова гостување и може да се очекува дебакл со оглед на тоа дека Орландо е прилично десеткуван.

Јута на домашен терен одржува учинок од 22-2, додека Орландо има само седум гостински победи сезонава.

Предлог тип: 1-1 & >216,5 поени (2.60)

 

8401 Демар Дерозан (Сан Антонио спарс – Индијана пејсерс, 03ч)

Дерозан во претходните меча за Сан Антонио постигна вкупно 62 поени, односно во серија го надминуваше својот просек во поени. За да го одржи високото ниво на игра, Дерозан ќе треба да се истакне и против Индијана, која веќе три натпревари не знае за победа

Одамна Дерозан нема блеснато во дуел против Пејсерс, па ова му е добра прилика која не смее да ја пропушти, а доколку проработи во нападот, ќе му помогне на Сан Антонио да слави против Индијана откако ги загуби претходните три меча на домашен терен.

Предлог тип: Дерозан >22,5 поени (1.90)

- Оглас -

Најнови вести