1801 Вердер – Херта (20:30 ч.)
Дуел на две екипи кои припаѓаат во вториот дел од табелата во Бундеслигата. Тоа што треба да е сигурно кога играат овие два клуба е дека ќе има голови. На последните шест меѓусебни средби традицијата вели дека двете екипи постигнуваат барем по еден погодок. Во овој период дури четирипати било ГГ4+, а двапати резултатот бил 1:1.
Фактот дека и оваа сезона овие екипи немаат сигурна одбрана е само уште еден податок плус дека ќе има голови на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (1.86)
1301 Мајорка – Еспањол (21 ч.)
Опстанокот ќе биде главна цел на овие два клуба сезонава во Примера дивисион. Мајорка го има третиот најслаб напад, но исто така има и солидна одбрана, која би требало да се справи со атакот на гостинот од Барселона.
Дури и традицијата вели дека многу голови не треба да се очекуваат затоа што на пет од последните седум меѓусебни дуели било со не повеќе од два гола. Мајорка треба да има предност поради домашниот терен.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.99)
1655 Генк – Мехелен (20:45 ч.)
Генк игра одлично во Белгија и по 14 средби има 12 победи и само едно реми и еден пораз, па не случајно е лидер. Мехелен е екипа која реално е за класа послаба и ако успее да не загуби, ќе биде голем успех за нив. Мехелен е убедливо најслаб гостин само со четири освоени бода од шест средби.
Дури осумпати во последните 10 меѓусебни дуели имало барем по три погодоци, а Генк сезонава во 14 дуели даде дури 36 погодоци, што покажува колку добар напад има.
Предлог тип: 1&3+ (1.82)
5253 Замалек – Ал-Ахли (19 ч.)
Ова е најголемото дерби во Египет, а многумина го сместуваат и меѓу еден од најголемите дерби-дуели во светот. Овој дуел има посебно значење затоа што е финале на Куп, што значи дека победникот ќе освои трофеј.
Двете екипи се полни со самодоверба затоа што Замалек има шест победи по ред, а Ал-Ахли е во низа од пет триумф. Традицијата вели дека на последните седум меѓусебни дуели имало гол-шоу и секогаш било ГГ3+. Сепак, сега влогот е многу поголем, па може да се очекува претпазлива игра, а победникот да не се знае и по завршување на регуларните 90 минути.
Предлог тип: Х (3.30)
1951 Карагумрук – Галатасарај (19 ч.)
Разочарувачки игра Галатасарај сезонава, па по 10 кола има само 18 бодови и е на осмото место на табелата. Карагумрук, каде што тренер е Андреа Пирло, спои две победи по ред и избега од зоната за испаѓање.
Двете екипи се со различна филозофија затоа што Карагумрук игра офанзивно и често прима и дава голови, додека Галатасарај игра затворено и секој гол е „злато вреден“.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.94)