Ќе „гори“ во египетското дерби, голови ќе има на двете страни

5715 Ал Ахли – Замалек (20 ч.)

Ова е најголемото дерби во египетскиот фудбал. Замалек е прв со 44 бодови, додека Ал Ахли има 40 бодови, но дури три меча помалку, што значи дека ова ќе биде вистински дуел за лидеското место.

Двете екипи играат отворен фудбал и во просек на нивните мечеви паѓаат речиси три погодоци. Така беше и на последните пет меѓусебни дуели на кои било гол-гол, а дури четири пати било ГГ3+.

Реално Ал Ахли има подобар тим се и три победи и едно реми во последните четири меѓусебни дерби дуели.

Предлог тип: ГГ3+ (2.65)

 

4811 Коритиба – Атлетико ПР (21 ч.)

Коритиба нема победа во последните четири кола, но домашниот терен треба да биде нивни адут за да ја прекинат оваа лоша низа. Сепак, Атлетико е тим кој ретко губи и во последните осум средби има пет победи и три нерешени.

Двете екипи знаат да бидат ефикасни и затоа веројатно ќе има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.19)

 

4810 Коринтијанс – Гоиас (21 ч.)

Коринтијанс кога игра дома, речиси секогаш ја има фаворитската улога и атакува на трите бода. По 12 кола, Коринтијанс е втор на табелата со 22 бода, додека Гоиас е само еден бод од зоната за испаѓање.

Во последните седум меча на овие два клуба, Коринтијанс има пет победи, а две средби завршиле нерешено.

Предлог тип: 1&0-3 (2.07)

 

4785 Олимпик Асунсион – Ресистенција (22:30 ч.)

Двете екипи имаат по 28 дадени голови, но и примено по 20+ погодоци, што значи дек играат офанзивно. Во изминативе осум месеци имаат одиграно два меча и двата биле ГГ3+.

Олимпија ја има фаворитската улога, па затоа домаќините сигурно ќе освојат барем еден бод.

Предлог тип: 1&3+ (1.93)

 

1311 Тенерифе – Џирона (19 ч.)

Меч кој треба да го даде патникот во Примера дивисион за новата сезона. Првиот дуел од финалето на плејофот заврши без голови, што значи дека овојпат барем една од мрежите ќе мора да се затресе.

Сезонава Тенерифе два пати ја победи Џирона во регуларниот дел од сезоната (2:1 дома и 0:1 на гости), па фактот дека и сега во плејофот останаа непоразени од овој ривал, јасно е кој е фаворит барем според одиграното во изминативе неколку месеци.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести