Ќе „гори“ во Истанбул, Јувентус и Атлетико се фаворити дома, голови ќе има во Холандија

3004 Јувентус – Пиза (20:45 ч.)

Јувентус на свој терен секогаш оди на победа, а кога им гостува единствениот тим кој нема победа сезонава во Серија А, јасно е дека Старата дама ќе оди на освојување на три бода. Тимот од Торино на гости со 2:0 славеше над Пиза во првиот дел од сезоната, а сега се очекува да биде уште поубедлив.

На овој меч Јувентус ќе сака да ја прекине и лошата низа од четири меча без победа во првенството.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)

 

1808 Келн – Борусија Дортмунд (18:30 ч.)

Келн е во лоша низа и има три порази и едно реми во последните четири кола. Овој тим е во борба да не отиде во зоната за испаѓање, но ќе биде вистински предизвик да освои бодови затоа што им гостува Борусија Дортмунд.

Милионерите имаат низа од четири победи по ред во дуелите со Келн, а ова треба да биде пресметка на која ќе погодуваат двата тима.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

1304 Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад (18:30 ч.)

По пласманот во финалето на Купот на Шпанија, Атлетико е полн со оптимизам. Сезонава Атлетико на свој терен во 13 меча има 11 победи, едно реми и само еден пораз, со дури 30 дадени голови.

Сосиедад секогаш знаел да биде опасен ривал, а традицијата вели дека на последните девет меѓусебни дуели, Атлетико има пет победи и четири нерешени, а најчесто дуелите завршуваат со два или три гола.

Предлог тип: 1X&2-4 гола (1.75)

 

1632 ПСВ Ајндховен – Аз Алкмар (20 ч.)

ПСВ е доминантен во првенството на Холандија и е лидер со дури 17 бодови повеќе од вториот Феенорд. Аз Алкмар е дури шести со 26 бодови помалку од ПСВ. Двата тима најчесто играат мечеви на кои често имаа по четири или повеќе погодоци.

И традицијата на меѓусебни дуели потврдува дека треба да има вкупно 23 голови, односно повеќе од четири погодоци по меч.

Предлог тип: ГГ4+ (2.11)

 

1952 Бешикташ – Галатасарај (18 ч.)

Истанбулските дерби дуели секогаш носат посебно внимание. Бешикташ е во одлична серија од 18 меча без пораз (12 победи и шест нерешени), но сега има вистински предизвик оваа низа да продолжи против актуелниот првак. На последните три меѓусебни меча имаше погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1Х&12 (1.74)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести