Ќе гори во Каиро: Се игра дерби за титулата во Египет

5708 Замалек – Пирамидс (21 ч.)

Дерби за титулата во Египет. Замалек е лидер со 63 бодови, а Пирамидс е втор со 59 бодови од 27 кола, што значи дека овој дуел може да биде многу значаен во трката за шампионскиот пехар.

Во првиот дел од сезоната, Замалек победи на гости со 3:2, а претходните два меѓусебни дуели завршија 1:1, што значи дека има погодоци на двете страни. Замалек има 10 победи и едно реми во последните 11 средби, што покажува дека е во одлична форма.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.98)

 

2806 Нордсјеланд – Лингби (19 ч.)

Нордсјеланд има одличен старт во данското првенство со две победи, додека Лингби освои само еден бод во првите две кола. На седум од последните осум официјални меча на овие два тима било гол-гол комбинација, односно двата тима да постигнат барем еден погодок. Во овие осум меча вкупно биле постигнати 33 гола, односно просек над четири погодоци на меч.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

1022 Ватфорд – Шефилд јунајтед (21 ч.)

Ватфорд испадна од Премиер лигата и сега ќе води битка во Чемпионшип, каде прв предизвик е тимот на Шефилд јунајтед. Токму Шефлид е екипа која минатата сезона беше на чекор од враќање во Премиер лигата, но во драматично полуфинале од плејофот на пенали загуби од Нотингем Форест, кој се избори за место во елитата.

Шефилд остана со тим кој сигурно и оваа сезона ќе се бори за влез во Премиерлигата, па на секој меч ќе се обидува да освојува бодови.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.95)

 

1275 Дрогеда – УЦ Даблин (18 ч.)

Со само 12 освоени бода во 24 меча, УЦ Даблин е на последното место во ирското првенство. Дрогеда не е многу подобра и има 26 бода, што сепак е доволно да биде во сигурнаа зона, без испаѓање.

УЦ Даблин ја има убедливо најслабат одбрана, а и Дрогеда има слаба дефанзива, па не е ни чудно што на дури 11 последни меѓусебни средби имало барем два гола, а не ретко „паѓале“ и по четири погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

2606 Гетеборг – Норкопинг (19 ч.)

За овој меч ќе веруваме на траидицијата, која вели дека последните четири меѓусебни дуели завршувале со два до три гола. Ако се погледаат и последните 10 средби на овие две екипи, дури седум пати било со комбинацијата 2-3 погодоци.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

- Оглас -

Најнови вести