ЛА клиперс – Хјустон рокитс (04:30ч, НБА лига)
Дербито на вечерта во НБА лигата се игра во Градот на Ангелите. Клиперс на чело со шампионот Кавај Ленард и опасниот Пол Џорџ, ги пречекуваат тексашите од Хјустон предводени од каубојците полни со артилерија, Џејмс Харден и Расел Вестбрук. Лос Анџелес ќе гори, очекувањата се дека и двете страни ќе го покажат своето најдобро издание, а ќе победи подобриот.
Новите ѕвезди на Клиперс конечно почнаа да играа заедно, а според она што го прават на теренот Ленард и Џорџ изгледаат незапирливо, но време е да се види како тие двајца функционираат против еднакво квалитетни противници.
Ракетите до вчера беа во извонредна серија од осум победи, па загубија од Денвер и можеби тоа ќе ми влее несигурност во редовите. Додека пак, Клиперс од пред неколку дена воспостави победнички ритам и целта е да се продолжи со тој став. Двете екипи се сретнаа пред речиси една недела, Хјустон како домаќин славеше со 102:93 во мечот во кој Харден реализира високи 47 поени, но сега Клиперс ја имаат фаворитската улога.
Предлог тип: хен. 1 -4,5 поени (1.83)
Бруклин нетс – Сакраменто кингс (01:30ч, НБА лига)
Кога би играле главните кошаркари и на двете екипи, овој дуел лесно би завршил со висок број на поени. Но, Бруклин ќе мора да се снаоѓа без Ирвинг покрај тоа што за Дурант е јасно дека нема да игра сезонава, а отсутни се и Чендлер и Леверт. Ниту Кралевите ќе бидат комплетни, без искусниот Ариза, незгодниот Фокс и расниот шутер Богдановиќ ќе трагаат по седма овосезонска победа.
Сепак, Сакраменто во овој меч ќе влезе во подобра форма од Бруклин. Ги добија четирите од последните пет меча, додека Нетс сезонава немаат остварено серија од три победи, што покажува дека имаат проблем со константноста.
Предлог тип: <210,5 поени (2.0)
Џими Батлер (Чикаго булс – Мајами хит – 02ч, НБА лига)
Батлер гостува кај тимот кој му ги отвори вратите за влез во НБА лигата. Чикаго го селектираше преку драфтот во 2011 година, а сега има мисија да им наштети на Биковите со тоа што ќе го покаже својот квалитет и воедно на Жешките ќе им донесе радост. Во 10 меча кои Батлер ги одигра сезонава, просечно бележи 18,7 поени по натпревар, а за Мајами да ја задржи добрата форма ќе биде потребно од Батлер да одигра над просекот.
Мајами триумфираше на четири од последните пет гостувања во „Јунајтед центарот“, па можеби и затоа ја имаат фаворитската улога за вечерашната средба.
Предлог тип: Батлер >21,5 поени (2.0)
Леброн Џејмс (Оклахома сити тандер – ЛА лејкерс – 02ч, НБА лига)
Настапот на Ентони Дејвис е под знак прашалник за гостувањето во Оклахома, па поголемиот дел од задачата ќе панде на Леброн Џејмс со цел Лејкерси да стават црта и на шести триумф во низа. Тоа што цел тим ќе се потрпе на Кралот, значи дека потполно веруваат во неговите квалитети дека ќе им донесе успех, па нели затоа и го ангажираа.
Колку всушност Џејмс е во врвна форма покажува статистиката во која речиси да одржува трипл-дабл учинок по натпревар. Џејмс на 14 средби бележи просек од 25 поени, 11 асистенции и 7,9 скока
Последните меча на Оклахома беа гостувања во Ел – Еј, загубија и од Лејкерс и од Клиперс, а вечерва трета средба во низа ќе се соочаат со екипа од истиот град, но како домаќини.
Предлог тип: Џејмс >24,5 поени (1.75)
Денвер нагетс – Бостон селтикс (03ч, НБА лига)
Вториот најдобар тим од Западот против вториот најдобар тим од Истокот, треба да биде возбудливо вечерва во Колорадо. Најтрофејната франшиза доаѓа во градот каде што Никола Јокиќ го сметаат за нивен супер-херој, а Вокер и компанија се како злосторниците кои сакаат да нанесат штета на Денвер.
Нагетс во овој меч влегуваат во форма и надеж дека ќе ја нанижат четвртата победа и ќе се зацврстат на второто место, додека Бостон ги загуби два од последните три меча, па си останаа и без лидерската позиција во својата конференција. Бостон речиси две години немаат победено во „Пепси центарот“, што значи дека потребен целосен труд за да се стави крај на лошиот пост.
Предлог тип: <106,5 II поени (1.88)