Ќе „гори“ во португалското дерби, Лион и Валенсија се фаворити на свој терен

1709 Лион – Париз (20:45 ч.)

Лион претрпе три порази во низа (два во првенство и еден во Купот) и едноставно сега ќе брка освојување на три бода. Пред своите фанови Лион има девет победи и само два порази и е еден од најдобрите на домашен терен.

Париз е во долниот дел од табелата, но овој тим има само еден пораз во последните седум кола. Сепак, тешко е да се верува дека гостите ќе може да изненадат на овој дуел.

Предлог тип: 1&2-4 (2.60)

 

3008 Џенова – Рома (18 ч.)

На четири од последните пет меча на овие два тима, погодоци имало на двете страни. Џенова е екипа која игра без многу калкулации па често дава, но и прима погодоци. Рома се бори за горниот дел од табелата и нареди две победи и две реми во последните четири кола.

Ако се следи традицијата и моменталната форма на двата тима, на овој меч едноставно треба да има возбудувања и повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.26)

 

1310 Валенсија – Алавес (21 ч.)

Валенсија е 15-та, а Алавес на 16 место на табелата, што значи дека ова се екипи на кои им требаат бодови. Традицијата вели дека на пет од последните шест средби на овие две екипи немало повеќе од еден гол.

Валенсија пред своите навивачи сезонава во 13 средби има само три порази, па едноставно нереално е да се очекува дека Алавес може да си замине со трите бода.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.97)

 

1637 НАК Бреда – Феенорд (16:45 ч.)

Феенорд е втор на табелата, но заостанува дури 20 бодови зад лидерот ПСВ Ајндховен и јасно е дека нема шанса да се бори за титулата. Бреда е во зоната за испаѓање, а во дуелите со Феенорд има пест порази и само едно реми во последните седум меѓусебни дуели.

Домаќините сигурно ќе се обидат да дадат што е можно поголем отпор на фаворитот, но малку е веројатно дека Бреда може да испадне како добитник на оваа пресметка.

Предлог тип: ГГ3+ (1.98)

 

1543 Бенфика – Порто (19 ч.)

Бенфика е без пораз во првенството, но заостанува дури седум бодови зад лидерот Порто. Тоа значи дека домаќинот на овој меч не смее многу да калкулира и мора да оди на атак да ги освои трите бода, ако сака да се врати во трката за титулата.

Во последните 10 меѓусебни дуели, Бенфика има пет победи, Порто се радувал четири пати, а само еднаш било нерешено што е доказ дека се игра без многу калкулации.

Предлог тип: 1X & 12 (1.63)

 

- Оглас -

Најнови вести