1002 Челзи – Арсенал (20:45 ч.)
Челзи речиси има обезбедено место за Лигата на шампионите во следната сезона, додека Арсенал е во трка за четвртата позиција. Двата тима се во различна форма. Челзи нареди три победи во последните 11 дена, додека Арсенал во април претрпе три порази.
Есеноска Челзи славеше на гости со 2:0 и сега е фаворит за победа, но Топчиите знаат да бидат опасни.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.66)
1007 Манчестер сити – Брајтон (21 ч.)
Ливерпул вчера убедливо, со 4:0 го победи Манчестер јунајтед и се искачи на чело на табелата во Премиер лигата, што значи дека никаква друга опција освен победа на Граѓаните не доаѓа предвид.
Освен победа, Сити мора да брка и гол-разлика, па сигурно домаќините ќе атакуваат од првата минута. На пет од последните шест меѓусебни меча, имало барем четири голови, а дури четири меча завршиле со пет погодоци.
Предлог тип: 1&4+ (2.70)
3141 Хајдук – Динамо (19 ч.)
Меч кој може многу да реши околу титулата во Хрватска. Во Сплит владее еуфорија и играчите на Хајдук се уверени дека може да го победат најголемиот ривал.
На последните три меча, Хајдук има една победа и две нерешени, а последните четири средби завршиле со 0-2 гола.
Предлог тип: 0-2 (1.74)
3032 Јувентус – Фиорентина (21 ч.)
Јувентус сезонава одигра два меча против Фиорентина и двата ги доби со 1:0. Сега Старата дама не смее дома да си дозволи кикс за да се пласира во финалето на Купот на Италија, што е нивна единствена шанса за освојување трофеј сезонава.
Интересно е дека на осум од последните 10 меѓусебни средби било НГ, односно еден од двата тима да не даде гол.
Предлог тип: 0-1 I& 0-1 II (2.35)
2868 Лајпциг – Унион Берлин (20:45 ч.)
Ова е полуфиналето од Купот на Германија, во кое Лајпциг е фаворит. Веќе 16 меча Лајпциг е без пораз во сите натпреварувања (12 победи и четири нерешени). Унион Берлин шестпати гостувал кај Лајпциг и во сите шест меча губел.
Мотив за тимот од Берлин може да бидат победите на последните два меча, но тогаш Унион беше домаќин.
Предлог тип: 1 (1.45)