Новото четврто коло на Спортска прогноза стартува денеска, а во ова коло има голем број атрактивни дерби-дуели кои ќе бидат посебен предизвик да се погоди вистинскиот фикс. Во претходното коло, Кирил Х. успеа да погоди 11 од понудените 13 меча и со тоа си заработи вредносен ваучер од 500 денари во Sport Life.
За секој прогнозер главна цел е да стигне до Среќна 13-ка, односно да ги погоди фиксовите на сите 13 понудени средби. Ако успее во то,а ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива ваучер од 1000 денари, а со 11-ка ќе си добие ваучер од 500 денари, како што направи Кирил во минатото коло.
Во англиската Премиер лига, актуелниот првак Манчестер сити на свој терен го пречекува Арсенал, тимот кој во последните две сезони е најголем ривал на Граѓаните во трката за титулата.
Дерби-дуели ќе има и во италијанската Серија А, каде што се игра градското дерби на Милано. Шампионот Интер ќе има поголема поддршка на „Џузепе Меаца“ затоа што е домаќин на Милан. Во Серија А ќе биде интересен и дуелот меѓу Јувентус и Наполи.
Во Франција дербито е меѓу двата тима, кои го носат името Олимпик. Лион на свој терен ќе игра против Марсеј. За ова коло има уште многу интересни средби, а комплетниот распоред на мечевите за ова коло може да го видите и веднаш да прогнозирате за исходот.