Во Нион беа извлечени паровите за осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, а како што можеше и да се претпостави, во оваа фаза ќе има спектакуларни дуели како Реал Мадрид – Манчестер сити и ПСЖ – Челзи.
Останатите парови се Бодо/Глимт – Спортинг Лисабон, Њукасл – Барселона, Галатасарај – Ливерпул, Атлетико Мадрид – Тотенхем, Аталанта – Баерн и Баер Леверкузен – Арсенал.
Првите средби од двобоите ќе се играат на 10/11 март, а реваншите се на 17/18 март.
Познато е и кој со кого би играл во четвртфиналето.


