Ќе игра ли Интер покер со Барса за Лаутаро Мартинес?

Италијанските медиуми објавија дека Интер и Барселона се сè поблиску до реализација на трампата со која Лаутаро Мартинес ќе пристигне на „Камп ноу“, а Нераѕурите ќе добијат четворица играчи и плус одредена сума пари.

Преговорите се во тек, а Барселона прифаќа да го испрати покерот свои играчи, Видал, Семедо, Алења и Кукурелја на „Џузепе Меаца“ и плус да доплати пари за да го добие Мартинес.

Јасно е од почеток дека Барселона не сака да ја плати отштетната клаузула за Аргентинецот во износ од 111 милиони евра, и тоа важечка само за периодот од 1 до 15 јули, па сега клубовите ги приближуваат ставовите и плановите за размена.

Интер бараше и петти играч во трампата за Лаутаро, но Барселона не го дава Артуро Мело, па веројатно е дека италијанскиот клуб ќе прифати покер плус пари.

Антонио Конте и претставниците на Интер немаат ништо против Видал, Алења и Семедо да пристигнат на „Џузепе Меаца“ и тие според нив, би биле засилувања, а според тоа како игра во Хетафе, и Кукурелја би можел да се вклопи во таборот на повеќекратниот италијански првак.

Мартинес одамна не крие дека сака да игра со сонародникот Лео Меси во тандем, па е сè поблиску до остварување на сонот.

- Оглас -

Најнови вести