Ќе игра ли Меси против Атлетик Билбао? Ова видео покажува дека е подготвен (видео)

Откако се врати во тренинг-кампот на Барселона на почетокот од овој месец, Лео Меси претрпе повреда на листот од десната нога, која му ги загрози шансите да заигра во првото коло во Ла Лига. Сепак, мегаѕвездата на шпанскиот првак деновиве имаше индивидуални тренинзи на песочен терен со цел навреме да закрепне од незгодата и утре (21 часот) да ги предводи Каталонците на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао.

Видеоприлогот покажува дека Меси е подготвен да заигра на стартот од сезоната, а најверојатно утре ќе биде вклучен во финалните подготовки во пресрет на гостувањето во Билбао.

- Оглас -

Најнови вести