Ќе игра „метлата“: Тројца клучни фудбалери на Милан си заминуваат налето

Раководството на Милан подготвува чистка на „Сан Сиро“ летово, па тројца од клучните фудбалери ќе си заминат откако резултатите не се на посакуваното ниво. Ваквата одлука била донесена по поразите од Феенорд во Лигата на шампионите и од Торино во Серија А.

Се работи за голманот Мајк Мањан, како и за Тео Ернандес и Рафаел Леао. Голманот и раководството веќе започнаа преговори за продолжување на договорот, но според последните информации на италијанските медиуми, до такво нешто нема да дојде.

Тео Ернандес има договор до летото 2026 година, па клубот од Милано летово очекува понуди за него, во спротивно, следната година тој ќе замине како слободен фудбалер.

Најкомплицирана е ситуацијата со Рафаел Леао. Тој има откупна клаузула од 175 милиони евра, но на Црвено-црните јасно им е дека не постои клуб што ќе плати толку пари за неговите услуги, па и за него се очекуваат понудите од останатите клубови.

- Оглас -

Најнови вести