Ќе игра во Кина: Хамшик си замина од Наполи по 12 години

Марек Хамшик го напушти Наполи по 12 години минати „Под Везув“ и потпиша тригодишен договор со кинескиот клуб Далијан.

Капитенот беше упорен со барањето да си замине, а Наполи ќе инкасира 25 милиони евра од трансферот, иако бараше 30 милиони.

Хамшик ќе добие фантастични 27 милиони евра за 3 години во Далијан, што е двојно повеќе од платата на годишно ниво што ја имаше во Наполи.

Интересно е што за 31-годишниот Словак ова ќе биде само четвртиот клуб за кој ќе настапува. Кариерата ја почна во 2002 година во Слован Братислава, две сезони подоцна се пресели во Бреша, а од 2007 година досега беше член на Наполи.

Си заминува со 407 одиграни мечеви за наполитанците и со убав јубилеј од точно 100 постигнати голови за калчолигашот.

Во Далијан ќе соработува со легендата на светскиот фудбал Бернд Шустер, кој е тренер на тимот, а соиграчи од попознатите фудбалери ќе му бидат Нико Гаитан и Јаник Караско.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести