Ќе играат во Лига на шампионите, а не ги знаат правилата – Гостиварецот Мехмеди „ни крив, ни должен“ е трагичар во Купот на Германија

Гостиварецот Адмир Мехмеди е во фокусот на големиот проблем на Волфсбург што речиси сигурно ќе го елиминира учесникот во Лигата на шампионите од Купот на Германија, па победата против Минстер со 3:1 по продолженија ќе биде само пирова победа на Бундеслигашот.

Мехмеди беше шесттиот играч што влезе на теренот како замена во тимот на Волфсбург, што не е дозволено, бидејќи може да има само пет замени вкупно.

Швајцарскиот репрезентативец кој е роден во Гостивар, влезе во игра во 102. минута на местото на Филип, а Волфсбург потоа постигна два гола за победа против членот на регионалната лига, Минстер.

Во регуларниот дел беше 1:1, но сега веќе тоа не е ни важно и речиси сигурно Минстер ќе игра во второто коло и ќе го добие мечот со службен резултат.

Волфсбург беше четвртопласиран во минатото издание на Бундеслигата и обезбеди настап во Лигата на шампоионите во сезоната 2021/22.

 

 

- Оглас -

Најнови вести