Ќе им дадеме ли гол на Германците? Коефициентот за тоа е одличен

Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе игра против најтрофејната европска селекција, Германија. Дуелот се игра во Дуисбург, што само потврдува дека четирикратниот светски и трикратен европски првак е во голема фаворитска улога.

Капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски вчера најавија дека имаат респект кон противникот, но дека нема да се исплашат и дека ако може, ќе се обидат да го изненадат. Панцерите во првите два меча од квалификациите победија, и тоа без да примат гол (3:0 со Исланд дома и 1:0 на гости кај Романија), што само ја покажува сигурната одбрана на фаворитот.

МАКЕДОНИЈА ДАДЕ БАРЕМ ЕДЕН ГОЛ НА 16 ОД ПОСЛЕДНИТЕ 18 МЕЧА

Од друга страна, Македонија во Германија отпатува со пет дадени гола, но на ривал каков што е Лихтенштајн. Сепак, оптимизмот дека реализацијата е на добро ниво, дава право да веруваме дека вечерва може барем еднаш да го матираме домашниот голман, без разлика дали таму ќе биде Мануел Нојер или Марк-Андре тер Штеген.

Статистиката вели дека Македонија на 16 од последните 18 средби постигнува барем по еден погодок. Во овој период единствено не успеавме да дадеме гол против Ерменија во последниот меч од Лигата на нациите, кога игравме со комбиниран состав, како и на гостувањето против Полска во октомври 2019 година, кога загубивме со 2:0. Во сите останати мечеви, Македонија успеваше да погоди барем еднаш.

Ако се знае дека Германија е огромен фаворит и речиси нема дилема дека ќе даде барем еден гол вечерва, ако ние успееме да ја затресеме мрежата на четирикратниот светски првак, коефициентот во Sport Life за гол-гол тип е одличен и изнесува 2.70. Во комбинација да биде ГГ3+, квотата е уште поголема и изнесува 3.15.

ИМА И КВОТИ КОИ СЕ НАД 100 

Реално, Германија е голем фаворит и ако успееме да останеме непоразени, ќе биде огромен успех за Македонија. Тоа се гледа и по квотите кои се во денешната понуда на Sport Life. Дури 101 е коефициентот за да биде „кец у два“, односно Германија да води на полувреме, а Македонија да победи на крај. За обратната ситуација, односно да водиме на полувреме, а на крајот Германија да победи, квотата е 33.

„Кец у два“ не е најголема квота во понудата за овој меч. Во понудата за постигнати голови, Македонија да даде три гола во првото полувреме квотата е 151, додека за три гола во вториот дел е 101! Квота од 151 е и ако Македонија даде по два гола во двете полувремиња. Со 101 коефициент се вреднува и Двојна победа на Македонија, а Сигурна и Двојна победа е 125.

Во понудата на Sport Life за овој, па и за многу останати мечеви има над 550 игри кои може да ги одиграте. Вреди да се одигра за да биде повозбудливо следењето на денешниот меч.

 

- Оглас -

Најнови вести