НБА објави дека до крајот на сезоната нема да им прави допинг-тестови на кошаркарите на полесните опијати од типот на марихуаната.
Тоа значи дека од 31 јули, за кога се планира продолжението на НБА-лигата, кошаркарите ќе можат слободно да уживаат со по некој џоинт.
Во НБА веќе подолго време се размислува за комплетно укинување на тестовите за полесните дроги, а сега образложението е дека со ова ќе им се олесни периодот што следи за кошаркарите, кои ќе бидат во еден вид карантин во кампусот во Светот на Дизни во близина на Орландо.
Ова се совпаѓа и со сè пораширеното мнение на јавноста, но и на дел од кошаркарите, кои дури велат дека марихуаната им помага да бидат посконцентрирани на натпреварите.
НБА-лигата ќе продолжи со 22 екипи, а по првиот круг на натпревари, ќе останат само 8 во битката за титулата.