Тиквеш во првото коло од ЕХФ Европскиот куп, загуби на гостувањето кај грчкиот тим Бјанко Монте Драма со 27-31 (13-14), и на реваншот во Кавадарци македонскиот претставник ќе треба да брка убедлива победа за да ја оствари целта и да се пласира во наредната рунда од ова натпреварување.
Подобриот од овој двобој во следната фаза ќе игра со норвешки Арендал.
Вечерва во Драма, најдобри поединци кај ГРК Тиквеш беа Мартин Димовски и Мартин Манасков со по 5 голови, а Срѓан Мијатовиќ и Дарио Кофилоски имаа по 4 реализации. Голманот Игор Арсиќ се истакна со 11 одбрани.