Ќе има драма во Серија А, шест екипи во осум бода разлика се борат за место во Лигата на шампионите

До крајот на првенството во италијанската Серија А остануваат уште шест кола, а  борбата за титулата се сведе на два клуба. Интер е лидер со 71 бод, додека Наполи е втор со 65 бодови, плус меч кој треба вечерва да го одигра на свој терен против Емполи.

Освен оваа борба за титулата, до крајот ќе биде многу неизвесно и во трката за местата кои водат пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Аталанта е третопласирана со 61 бод, а потоа следува мешаницата.

Јувентус, кој е четврти е со 59 бода ја предводи групата од шест екипи кои се во растојание само од шест бода и сите се надеваат на место кое води во елитното европско друштво за следната сезона.

Болоња е со 57 бодови и е на петтото место, а потоа следуваат Лацио со 56, Рома 54, Фиорентина 53 и Милан со 51 бодови. Тоа значи дека од четвртото до деветото место растојанието во бодови е само осум, а до крајот на првенството има да се играат уште шест кола.

 

- Оглас -

Најнови вести