Ќе има „Ел Класико“ дуел за мегаталентот од Бразил кој го потпиша првиот договор во кариерата (ВИДЕО)

Ако може да им се верува на најавите, тогаш 15-годишниот бразилски напаѓач Ендрик, ќе биде големата светска ѕвезда која што доаѓа од оваа земја.

Тој со великанот од оваа земја, Палмеираш го потпиша првиот професионален договор во кариерата кој што е со времетраење до 2025 година, а доколку си замине порано, клубот што го посакува во своите редови ќе мора да плати 60 милиони евра откупна клаузула.

Ендрик уште од 2016 е во редовите на младиот тим на Палмеираш, а од наредната сезона се очекува да добие шанса и во првиот тим. За репрезентацијата до 16 години на Бразил, пак одигра четири натпревари каде што пет пати ја затресе противничата мрежа.

За неговите услуги заинтересирани се Реал Мадрид и Барселона, како и неколку други европски великани.

- Оглас -

Најнови вести