Ќе има фешта на „Сан Сиро“, дали е тоа знак за најсигурниот „кец“ викендов?

Во последната деценија, Милан никогаш не бил поблиску до освојување на Скудетото во Серија А. На четири кола до крајот, Росонерите се лидери со два бода повеќе од градскиот ривал Интер.

Првата од четирите шампионски топки, Милан ќе ја има в недела на свој терен против Фиорентина. Навивачите на Црвено-црните се во еуфорија и веќе цел стадион „Сан Сиро“ е распродаден.

Фиорентина е на седмото место на табелата и се бори за излез во Конференциската лига или Лигата на Европа. Сепак, фактот дека Милан има шанса што навивачите ја сонуваат со години, ова треба да биде еден од најсигурните „кецови“ за викендов.

- Оглас -

Најнови вести