Манчестер сити ќе игра против Ливерпул во четвртфиналната пресметка од ФА купот, одлужи ждрепката. Двата тима кои во последните неколку години доминираат во Премиер лигата ќе мора во меѓусебна борба да решат кој ќе оди во полуфиналето, а кој ќе го заврши патот во трката за трофејот во најстарото фудбалско натпреварување во светот.
Најголема среќа во ждрепката имаше тимот на Челзи, кој ќе игра на својот „Стемфорд бриџ“, и тоа против третолигашот Порт Вејл. Лидерот во Премиер лигата, тимот на Арсенал ќе гостува кај Саутхемптон, додека Лидс ќе гостува кај подобриот од дуелот меѓу Вест хем и Брентфорд.


