Карлос Алкарас на убедлив начин го победи Данил Медведев во второто полуфинале на Вимблдон и младиот шпански тенисер си закажа финале против Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер според АТП листата со убедливи 3:0 славеше над Русинот кој е на третото место на оваа листа.
Во првиот сет беше израмнето до 3:3, Алкарас го доби својот сервис за 4:3, а потоа следуваше првиуот брејк за 5:3 и на крајот лесна реализаиција за 1:0 во сетови со 6:3 за 36 минути игра.
Вториот сет повторно заврши со 6:3 и повторно се играа 36 минути. Разликата беше во тоа што овојпат Алкарас направи два брејка и поведе со 2:0 во сетови.
Во третиот сет се водеше многу порамноправна битка, иако на крајот резултатот повторно беше 6:3 за Алкарас. Шпанецот тргна до 3:0 во гејмови, Медведев намали на 3:1, а потоа следуваше низа од четири гејма кои ги добиваа тенисерите што не сервираа. Во една таква ситуација Алкарас дојде до предност од 5:3 и сервираше за победа и Шпанецот ја искористи можноста, па за помалку од два часа игра во полуфиналето го победи Медведев и си закажа финале против Ѓоковиќ.