Бруно Гимараеш се очекува да го напушти Њукасл во зимскиот преоден рок, откако неименуван клуб од Премиер лигата ја активирал неговата откупна клаузула вредна 100 милиони фунти. Бразилецот речиси сигурно ќе остане во Англија, но ќе ја продолжи кариерата во нов клуб за астрономска сума.
Трансферот на Бруно Гимараеш од Лион во Њукасл предизвика изненадување, особено поради интересот на европските гиганти како Барселона, ПСЖ и Арсенал. Тогаш Чавките платија 42 милиони евра, а сега имаат шанса да остварат повеќе од двојна заработка.
Според најавите, најверојатно се работи за Челзи, иако и Манчестер сити со внимание ги следи настапите на Бруно Гимараеш и може да се вклучи во трката за потписот на искусниот фудбалер од средниот ред.

