Ќе има голови на дерби-пресметките во Серија А и во Бундеслигата

3003 Наполи – Лацио (20.45 часот)

Наполи сигурно чекори кон титулата во Серија А, има 18 бода повеќе од Интер и Милан, кои се наоѓаат на делба на втората позиција, а вечерва ја започнува серијата од три дерби-меча на домашен терен. Лацио е прв противник на Наполи, а потоа на „Диего Марадона“ стадионот доаѓаат Аталанта и Милан. Лацио пак се бори за четвртото место, кое носи пласман во Лигата на шампионите и славеше на последните два меча во Серија А против Сампдорија (1:0) и Салернитана (2:0) и за очекување е дека нема да игра дефанзивно.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

1631 Утрехт – Фортуна Ситард (20.00 часот)

Утрехт се бори за пласман во европските купови, додека Фортуна е безбедна на средина на табелата во Ередивизијата. На последните два натпревари на Утрехт беа постигнати седум гола (3:0 против Спарта и 2:2 против ПСВ), додека Фортуна загуби во ефикасни дуели. Во последното коло загуби со 4:2 од Феенорд, а претходно со 3:1 славеше РКЦ. И традицијата потврдува дека треба да има голови вечерва, на последните четири меѓусебни дуели, на два биле дури постигнати седум гола (4:3 и 7:0).

Предлог тип: 1+I и 2+ II (2.30)

 

1538 Бенфика – Фамаликао (22.15 часот)

Бенфика засега игра одлично, по 22 кола е лидер на табелата во португалскиот шампионат со 59 бода, осум повеќе од Порто, а вечерва има шанса дополнително да ја зголеми предноста. Фамаликао пред неколку сезони беше хит во Португалија, но сега е далеку од позициите коишто носат пласман во Европа. Моментно се наоѓа на десеттото место на табелата со 27 бода. Иако е апсолутен фаворит, Бенфика не би требало да тргне со сите сили по победата од првата минута бидејќи в вторник игра против Бриж во реванш-дуелот од осминафиналето во ЛШ.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.98)

 

1301 Реал Сосиедад – Кадис (21.00 часот)

И покрај поразот во последното коло во Ла Лига од Валенсија, Реал Сосоедад ја задржа третата позиција на табелата во Ла Лига, а вечерва има шанса да остане на истата позиција до следниот викенд. Противник на Баскијците е Кадис, кој се наоѓа на 16-тата позиција на табелата и иако во претходно коло славеше над Рајо Валјекано, овој пат е аутсајдер. Сосиедад славеше на последните седум меѓусебни пресметки, а на последниот дуел што се одигра во Сан Себастијан беше 3:0.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.01)

 

1801 Борусија Дортмунд – Лајпциг (20.30 часот)

Борусија Дортмунд е единствениот тим од најсилните европски лиги кој победил во сите официјални натпревари во 2023 година и вечерва има вистински предизвик со дуелот против Лајпциг. Гостите се наоѓаат на четвртото место на табелата со 42 бода, четири помалку од Милионерите, кои заедно со Баерн се лидери. Лајпциг победи на последните два меча во Бундеслигата, а интересно е што славеше и на последните два меѓусебни дуела, и тоа со 3:0 и 4:1, па играта на голови е најлогично решение.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.86)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести