Ќе има голови на дербињата во Англија и Хрватска

1007 Манчестер јунајтед – Тотенхем (Премиер лига Англија, 18:30 часот)

Манчестер го очекува пеколна недела која што ќе започне со оваа средба, а главниот акцент ќе биде ставен и на реваншот против Атлетико Мадрид.

Избраниците на Ралф Рангник по дебаклот од Манчестер сити немаат право на нов кикс, особено не против Тотенхем. Јунајтед во моментов е петтопласиран со еден бод помалку од Арсенал, но и три средби повеќе, а доколку „петлите“ не бидат поразени на оваа средба, „црвените-ѓаволи“ можат да се збогуваат со пласман од Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа дека и на двете екипи, посилна страна им е нападот, може да очекуваме и голем број на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90)

3003 Сампдорија – Јувентус (Серија А Италија, 18:00 часот)

Сампдорија отсекогаш била незгоден противник за Јуве, кој пак со доаѓањето на Душан Влаховиќ живна и почна да остварува подобри резултати. Доколку тимот од Торино сака да биде во каква-таква борба за титулата тогаш овој е мечот кој што мора да го добие.

Иако пред нив исто така е реваншот во Лигата на шампионите, против Вилјареал, Јувентус мора да атакува на трите бода на оваа средба, иако ќе бидат без неколку стандардни фудбалери како Паоло Дибала, Џорџо Кјелини и Федерико Киеза, за кого пак сезоната е завршена.

Предлог тип: 2 (1.70)

3143 Хајдук Сплит – Динамо Загреб (Прва лига Хрватска, 18:00 часот)

Најголемото хрватско дерби ќе биде една од најинтересните средби да се проследи, барем за нас навивачите од Балканот. И двете екипи целат кон титулата, иако Хајдук имаше неочекуван кикс на последната средба против Истра каде што одигра само 1:1.

Динамо на Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе го брани првото место и на оваа средба ќе влезат со 53 бода, одсносно пет повеќе од најголемиот ривал. „Пољуд“ е распродаден, а ние очекуваме дека и двете екипи ќе постигнат најмалку по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.81)

1702 Монпеље – Ница (Лига 1 Франција, 17:00 часот)

Ница го победи ПСЖ во минаттото коло и е во одлична форма. Впрочем и второто место со 49 бода е доволен доказ за тоа. Сега како гости ќе се обидат да му зададат пораз на Монпеље, кој пак реди само неуспеси во последно време.

Домаќините од последните пет средби имаат дури четири порази и во исклучително лоша форма ќе ја дочекаат Ница.

Среќа е тоа што имаа одличен старт на сезоната, па во моментов се на 10-то место, па опстанокот изгледа дека е обезбеден, додека за нешто повеќе ќе биде потребно чудо.

Предлог тип: Т22+ (2.24)

3001 Салернитана – Сасуоло (Серија А Италија, 15:00 часот)

Сасуоло е една од најдобрите гостински екипи во Италија и секогаш игра на гол повеќе. Доказ за тоа се и 30 постигнати голови на 14 средби на гостински терен, а кога ќе се додадат и примените, тогаш тоа е по 3.9 на натпревар.

Интересно е што и двете екипи во краток период играа со Интер на Џузепе Меаца а Сасуоло одигра навистина одлично и славеше со 2:0, додека Салернитана прими пет погодоци. Кога ќе се види и табелата јасно јасна е формата на двете екипи, па затоа и ќе одиграме еден похрабар тип, а тоа е гостите да дадат најмалку три погодоци.

Предлог тип: Т23+ (2.90)

- Оглас -

Најнови вести