31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ќе има голови на единствениот дуел во Премиер лигата

1004 Лидс – Ливерпул (21 ч.)

Лидс е најпријатното изненадување сезонава во Премиер лигата. Тимот на Џани Алиоски игра без калкулации, па затоа во 31-вото коло има само три нерешени. Ливерпул веќе не смее да си дозволи киксови затоа што тимот на Јирген Клоп може да извиси дури и за настап во Лигата на Европа.

Во есенскиот дел од сезоната, на „Енфилд роуд“ беше вистинско гол-шоу во меч кој заврши 4:3 за домаќинот. Лидс цели 20 години чека победа над големиот ривал. Погодоците и вечерва треба да бидат присутни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.84)

 

1320 Леганес – Понферадина (19 ч.)

Леганес треба да потврди дека има тим кој сака да атакува за влез во Примера. Сезонава, Леганес дома има 13 победи во 17 средби, но факт е дека сезонава веќе има пораз од Понферадина на гости со 2:3. Гостите се во сигурната зона и без многу притисок доаѓаат на ова гостување.

Двата тима имаат солидни напади, но одбраната не им е многу силна страна.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.85)

 

1321 Алмерија – Еспањол (21 ч.)

Дерби во Сегунда дивисион во Шпанија. Еспањол е лидер и е во серија од 11 меча без пораз (пет победи на последните пет дуели), но сега гостува кај третопласираниот тим во првенството. Алмерија има теоретски шанси за второто место кое директно води во елитната шпанска лига, но тешко дека против Еспањол ќе ги освои трите бода.

Ова е дуел и на двете најефикасни екипи во лигата, па може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (2.15)

 

2607 Гетеборг – АИК Стокхолм (19 ч.)

Шведското првенство само што започна и сега се игра второто коло. АИК секогаш е фаворит за највисок пласман, а Гетеборг е тим кој може да биде непредвидлив. Тоа што е карактеристично за дуелите на овие два клуба е дека на последните шест средби било НГ, односно барем една од двете екипи да не даде гол.

Во последните 10 меѓусебни дуели било од 0-2 гола, а четирипати едвај биле постигнати три погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.65)

 

1649 Јонг ПСВ – Де Графшап (20 ч.)

Гостите треба да докажат дека имаат квалитет за влез во елитното холандско натпреварување во следната сезона. Де Графшап е на второто место и ако остане на таа позиција, има директно место во Прва лига. Младинскиот тим на ПСВ не треба да биде некој поголем ривал за да се освојат трите бода на ова гостување.

Двете екипи играат напаѓачки, а Јонг ПСВ во 33 меча има дадено и примено вкупно 110 гола, односно над три по меч. Слична е ситуацијата на и на Де Графшап, па головите мора да бидат присутни на овој меч.

Предлог тип: 2&4+ (2.95)

 

- Оглас -

Најнови вести