Германија – Шпанија (20:45 ч.)
Ова е дуел на титани во светскиот фудбал, а е во рамките од првото коло на Лигата на нациите. Германија ќе биде без неколку стандардни играчи од Баерн Минхен, затоа што селекторот Јоаким Лев реши да им даде одмор на Мануел Нојер, Серж Гнабри, Џошуа Кимих и Леон Горецка.
Шпанија е во одлична серија и има девет победи и две нерешени во последните 11 дуели, но ако некаде може да загуби, тоа сигурно е на гости кај Германија. Двете селекции знаат да одиграат отворено со многу погодоци, иако традицијата вели дека на последните четири нивни средби имало само пет гола. Време е да се прекине тој пост.
Предлог тип: ГГ3+ (2.15)
Русија – Србија (20:45 ч.)
Меч на кој гостите влегуваат со многу негативна атмосфера. Немања Матиќ најави дека си оди од националниот тим, а тоа се очекува да го стори и капитенот Коларов. Во досегашните четири меча на овие селекции, секогаш бил тврд и неизвесен меч и три од четирите дуели се од 0-2 гола.
Русите се фаворити, но тоа не значи дека Србија предвреме ќе се предаде.
Предлог тип: 1Х&0-2 (2.20)
Словенија – Грција (20:45 ч.)
Словенците со Јан Облак на голот треба да имаат сигурност дека нема да загубат од противник како Грција. Сепак не треба да се заборави дека Грците имаат одлични спомени од гостувањата кај Словенија и во квалификациите за СП и ЕП во два меча, во кои двапати победувале.
Уште од времето на Ото Рехагел како селектор, филозофијата на Грција е да игра цврсто во одбраната, па ова треба да биде дуел на кој стрелците нема многу да се прослават.
Предлог тип: 0-2 (1.51)
Турција – Унгарија (20:45 ч.)
Ова треба да биде еден од полесните дуели за прогнозирање, ако се знае дека Турција е голем фаворит. Унгарија е во резултатска криза и има пет порази во шесте последни дуели. Во овој период го победија само Азербејџан, и тоа минимално со 1:0.
Турција има девет победи на последните 12 меча и треба да ја продолжат добрата низа.
Предлог тип: 1 (1.63)
Бугарија – Ирска (20:45 ч.)
Меч кој е незгоден за типување, но ќе ја следиме формата на двете селекции, па според тоа, Ирска е фаворит. Бугарија веќе заборавила како е да се победува, па во последните речиси две години има само еден триумф. Од октомври 2018 досега, Бугарите загубиле осумпати, а петпати ремизираа.
Точно пред една година овие селекции играат контролен меч, а Ирците без многу проблеми победија со 3:1. Сега иако се на гости, треба да се радуваат на трите бода.
Предлог тип: 2 (2.22)