Ќе има голови на Калјари – Лацио, Копенхаген игра со „пациентот“ Оденсе

Кристал палас – Брајтон (20:45 ч.)

Останување во сигурната зона на табелата е целта на двата клуба. Ако се знае дека загуби од Ливерпул, Челзи, Манчестер сити, Лестер, за Кристал палас останува во дуелите со противници како Брајтон да бара освојување на бодови.

Меѓусебните дуели покажуваат дека двете екипи погодуваат на последните четири средби, а Брајтон трипати се радувал.

Предлог тип: 2-4 (1.58)

 

Калјари – Лацио (20:45 ч.)

Калјари игра одлично сезонава и заслужено е на позиција која води кон излез во Европа. Лацио ако сака да го задржи чекорот со водечките Јувентус и Интер, ќе мора да победи. Ова е и дуел на две од четирите екипи кои во Серија А имаат дадено над 30 голови, што покажува дека играат ефикасно и може да се очекуваат голови.

И традицијата вели дека последните четири меѓусебни дуели се 3+, а на три било ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.83)

 

Копенхаген – Оденсе (19 ч.)

Копенхаген е тим кој мора да победи ако сака да остане во трка со Митјиланд, кој е лидер во Данска. Пред своите навивачи Копенхаген во девет меча има осум победи и едно реми, па сѐ освен три бода за домаќините ќе биде изненадување.

И традицијата е на страната на Копенхаген бидејќи во последните 10 меча има дури девет победи.

Предлог тип: 1-1 (2.50)

 

Порто – Тондела (21:15 ч.)

Нема дилеми дека Порто ќе победи, но прашање е со која разлика. Во последните осум меча на овие екипи секогаш било НГ (една од двете екипи да не даде гол). Јасно е дека Тондела тешко ќе се радува на погодок, но факт е дека сезонава гостите и не играат толку лошо, што покажува и табелата дека имаат освоено 14 бодови на туѓ терен. Само Бенфика има повеќе бодови од Тондела на гости.

Порто не само што во осум меча има примено само еден гол од Тондела, туку и табелата покажува дека сезонава во шест меча пред своите навивачи има перфектни шест победи и ниту еден примен гол.

 Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

 

Генгам – Троа (20:45 ч.)

Ќе ја следиме традицијата за овој дуел, а таа вели дека Генгам има шест победи и четири нерешени против Троа во последните 10 кола. Во јули 2007 година Троа последен пат се радувала на триумф од 1:0. Троа на гости игра „бункер“, и тоа ѝ носи резултати бидејќи во 8 средби сезонава има пет победи и само еден пораз, но и само три примени гола.

Генгам е несигурен домаќин кој игра офанзивно, но со слаба одбрана, па често дава, но и прима голови.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.22)

Во денешната понуда на Sport Life како квоти на денот може да ги играте:

Калјари – Лацио 2&2-4 (3.00)

Кристал Палас – Брајтон 1Х&ГГ (2.65)

Порто – Тондела Т1 1+I& T1 3+ (2.20)

- Оглас -

Најнови вести