Ќе има голови на португалската мегапресметка, Барселона се враќа на победничките патеки

1306 Барселона – Севиља (21.00 часот)

Барселона во вторникот одигра само 2:2 на гостувањето кај Мајорка и ја загуби лидерската позиција на табелата во Ла Лига, додека Севиља ја растури Алмерија давајќи ѝ пет гола (5:1). Традицијата е на страната на Барселона, посебно кога игра на домашен терен, славеше на последните три меѓусебни дуели на „Камп ноу“, додека Севиља во последните десет години само трипати успеала да дојде до триумф над каталонскиот тим, двапати во Кралскиот куп и еднаш во Ла Лига, и тоа во далечната 2015 година. За очекување е Барселона да се врати во победничките патеки.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.25)

 

1537 Бенфика – Порто (21.15 часот)

Вечерва се игра и најголемото дерби во Португалија меѓу Бенфика и Порто. И двата тима одлично ја започнаа новата сезона, во првите шест кола остварија по пет победи, што е најава за фантастичен натпревар. Бенфика е најефикасен тим со 16 постигнати гола, додека Порто на петте меча постигна десет гола. Но, кога меѓу себе играат двете најтрофејни португалски екипи, тогаш статистиката не игра голема улога, а често дуелите завршуваат така што и двата тима постигнуваат гол. Минатата сезона Порто како гостин славеше на „Луж“ со 1:2.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.12)

 

5623 Ал-Тае – Ал-Наср (17.00 часот)

Ал-Наср по двата порази на стартот од сезоната во саудиската Про лига, нанижа пет победи по ред и е голем фаворит денеска да дојде и до шестиот триумф. Тимот во којшто главна ѕвезда е Кристијано Роналдо е најефикасен во шампионатот со 22 постигнати гола.

Токму Роналдо со девет постигнати гола е прв стрелец во првенството, додека неговиот партнер во нападот, Садио Мане, шестпати се запиша во листата на стрелците. Ал-Тае се наоѓа во долниот дел на табелата со седум освоени бода и гол-разлика 6:12.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1801 Хофенхајм – Борусија Д. (20.30 часот)

Шестото коло во Бундеслигата започнува со дерби-пресметката меѓу Хофенхајм и Борусија Дортмунд, кои се на петтото и шестото место место на табелата. Хофенхајм одлично ја започна сезоната и по поразот во првото коло, нанижа четири победи и има гол-разлика 12:6, додека Милионерите имаат три победи и две ремија и гол-разлика 9:5. Традицијата е на страната на Борусија, која славеше на последните две гостувања (1:0, 3:2), додека Хофенхајм пред своите гледачи последен пат триумфирал во 2019 година, и тоа со 2:1.

Предлог тип: Х2 & 2-5 (1.82)

 

1658 Кортијк – Серкл Бриж (20.45 часот)

Кортијк по осум кола во Жупилер лигата се наоѓа на последното место само со два освоени бода, со примени дури 20 гола на осум меча, додека Серкл Бриж иако загуби на последните два меча (Моленбек 1:2, Унион Сен Жил 0:2) е седми на табелата и е голем фаворит да ги освои бодовите. На последните пет меѓусебни средби, дури на четири славеше Серкл Бриж (2:0,2:0,2:0,2:1) и еден дуел заврши без победник (1:1).

Предлог тип: 2 & 1+ прво (2.08)

- Оглас -

Најнови вести