Ќе има голови на премиерлигашкото дерби меѓу Арсенал и Њукасл

1002 Арсенал – Њукасл (20.45 часот)

Првото големо дерби во Премиер лигата во Новата година ќе се игра вечерва на „Емирати“. Лидерот на табелата Арсенал го пречекува Њукасл, кој е третопласиран. Двата тима играат фантастично сезонава и ги ставија во сенка двата тима од Манчестер, Челзи, Ливерпул, а имаат неколку адути за тоа.

И Арсенал и Њукасл имаат само по еден пораз досега и во исто време ја имаат и најдобрата одбрана. Топчиите примија само 14 гола досега, додека Чавките се уште подобри и само 11 пати ја ваделе топката од сопствената мрежа.

Иако на последните девет меѓусебни средби, еден од двата тима не постигнувал гол, за очекување е вечерва да биде прекината оваа традиција. Арсенал е втор најефикасен тим во Премиер лигата со 40 постигнати гола, а Њукасл петти со 32.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.07)

 

1005 Манчестер ј. – Борнмут (20.45 часот)

Паузата поради Светското првенство одлично му дојде на Манчестер јунајтед, посебно на менаџерот Ерик тен Хаг да ги консолидира редовите и играта на тимот, и Црвените ѓаволи изминатите седум дена остварија две победи над Нотингам форест и Вулверхемптон, кои ги донесоа до четвртото место на табелата со 32 бода.

Борнмут се наоѓа на на 15-тата позиција со 16 бода и во продолжение го очекува борба за опстанок и нема што да бара вечерва на „Олд трафорд“, а згора на тоа загуби на двата меча по паузата.

Манчестер јунајтед славеше на последните два меѓусебни меча што се играа на „Олд Трафорд“ со импресивна гол-разлика 9:1, а дополнителни главоболки на менаџерот на Борнмут, О’Нил, му задава податокот дека Маркус Рашфорд игра фантастично.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

1952 Анталијаспор – Фенербахче (18.00 часот)

Тимот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, Фенербахче, му гостува на Анталијаспор и со евентуален триумф ќе се исакачи на лидерската позиција на табелата во турската Суперлига.

Фенербахче во последното коло ја прекина мини-серијата од два порази по ред со кои му дозволи на големиот ривал Галатасарај да се искачи на врвот на табелата. Убедливиот триумф од 4:0 над Хатајспор е добра најава за денешната пресметка со тимот кој се бори за опстанок и кој има два порази по ред.

Традицијата е на страната на тимот на Алиоски, кој последниот пораз од Анталијаспор го доживеа во 2019 година.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.88)

 

1004 Лестер – Фулам (20.45 часот)

Лестер игра топло-ладно сезонава, додека Фулам е одличен и изненадувачки се наоѓа само на пет бода од петтото место, кое носи пласман во квалификациите за Лигата на Европа.

Лестер на последните два меча загуби од Ливерпул и Њукасл, додека Фулам славеше против Кристал палас и Саутхемптон. Иако менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, има големи проблеми со повредите на своите фудбалер, за очекување е Лисиците по два порази, да освојат најмалку еден бод, а адут за тоа е ветеранот Џејми Варди.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (1.94)

 

1560 Карнарфон таун – ТНС (20.45 часот)

Во велшката Премиер лига се наѕира шампионот, тоа би требало да биде екипата на ТНС, која е лидер на табелата со 48 бода, нема пораз и има импресивна гол-разлика 68:6 само по 18 одиграни натпревари. ТНС е голем фаворит за победа на вечерашниот натпревар и единствена дилема е колку голови ќе постигнат Светците.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

 

- Оглас -

Најнови вести