21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Ќе има голови на првото Ел Класико годинава

1326 Реал Мадрид – Барселона (20.00 ч.)

Ова е прво Ел класико во 2024 година и претставува реприза од финалето на ланскиот шпански Супер куп. Повторно натпреварот се игра во Ријад, а минатата година славеше Барселона со 3:1. Овој пат, ситуацијата е поинаква, Барселона игра далеку послабо од очекувањата, додека Реал Мадрид е во подобра форма и во полуфиналето го победи Атлетико Мадрид со 5:3 по продолженијата. Сезонава веќе се одигра едно Ел класико на кое Реал Мадрид славеше со 2:1 и тоа на гости.

Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (2.20)

 

1543 Порто – Брага (21.30 ч.)

Ова е натпревар меѓу третиот и четвртиот тим на табелата и во кој домаќинот ја има фаворитската улога. И двата тима во последните три кола имаат идентичен учинок, по една победа, пораз и реми. Порто славеше на последните два меѓусебни меча кои ги играл на својот „Драгао“ (4:1 и 1:0). Брага пак игра одлично на гостински терен, победи на шест од осумте меча, но Порто си е Порто и за очекување е да ги освои трите бода во тврд натпревар.

Предлог тип: 1 & 0-4 (2.23)

 

1306 Алмерија – Жирона (14.00 ч.)

Бајката на Жирона продолжува и во 2024 година победувајќи го Атлетико Мадрид со 4:3 и заедно со Реал Мадрид се наоѓаат на делба на лидерската позиција на табелата.
Алмерија е последна на табелата во Ла Лига и е единствен тим кој сè уште нема победа по 19 кола. Првиот меч кој се играше сезонава заврши со убедлив триумф на Жирона од 5:2.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (2.11)

 

3005 Лацио – Лече (12.30 ч.)

Лацио се наоѓа во три победи во низа во Серија А и има одлична шанса со победа да дојде до позициите на табелата кои носат пласман во европските купови. Лече пак во последните три кола има два порази и реми. Минатата сезона на „Олимпико“ беше 2:2, но овој пат Лацијалите се наоѓаат во добра форма, дадоа седум гола на последните три меча и се очекува со офанзива игра и поддршка од трибините да дојде до нов триумф.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.18)

 

3008 Милан – Рома (20.45 ч.)

Ова е дерби на колото во Серија А во кое двата тима влегуваат со порази во четвртфиналето во Купот на Италија. Милан беше шокиран од Аталанта (1:2), додека Рома загуби од Лацио (0:1) и вечерашниот натпревар ќе претставува можност да се извадат за поразите. Првиот меч сезонава заврши со триумф на Милан од 2:1, а на нивните меѓусебни натпревари редовно има голови. Дури осумте последни натпревари завршиле ГГ 3+. Милан ретко губи од Рома на „Сан Сиро“, последен пат се случило во 2017 година, а минатата сезона одиграа 2:2.

Предлог тип: 1Х & 1+ прво (2.17)

- Оглас -

Најнови вести