Ќе има голови во Белград, Плзењ ќе стартува со триумф во Чешка

2503 Молде – КФУМ Осло (20.15 часот)
Молде е фаворит на дуелот со КФУМ Осло. Домаќинот сака да го држи чекорот со Бодо/Глимт во трката за титулата, па мора да победува на ваквите натпревари. Се очекуваат голови на овој меч.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.05)

3133 Црвена Звезда – Јединство Уб (20.00 часот)
Почеток на новиот шампионат на Србија. Партизан синоќа оствари минимален триумф над Напредак Крушевац, но се очекува актуелниот првак да биде многу поубедлив на мечот против Јединство Уб. Црвено-белите имаат моќен тим и се очекуваат најмалку четири гола на стадионот „Рајко Митиќ.
Предлог тип: 4+ (1.80)

2703 Хелсинки – Хака (16.00 часот)
Хелсинки доживеа елиминација од Паневезис во квалификациите за Лигата на шампионите и сега се очекува соодветна реакција од тимот што важи за еден од елитните во Финска. Но, Хака е незгоден ривал за ХЈК, последните два меѓусебни меча завршија 1-1. Оттаму предлогот е да се одигра дека и во двете полувремиња ќе има најмалку еден, а најмногу три гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3I (1.80)

4241 Фламенго – Крисиума (21.00 часот)
Фламенго нема победа на два меча во првенството на Бразил и секако е запален алармот кај тимот што важи за еден од фаворитите за титулата. Тимот што го предводи поранешниот бразилски селектор Тите игра офанзивен фудбал и се очекува на овој натпревар да бидат постигнати најмалку три гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.22)

3405 Дукла П. – Плзењ (20.00 часот)
Почеток е на новото првенство на Чешка, а Плзењ и оваа сезона е меѓу фаворитите за највисок пласман. Се очекува триумф на гостувањето кај Дукла П., особено што и традицијата е комплетно на страна на Плзењ. Гостите имаат триумфирано на последните пет меѓусебни средби на овие два тима.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.81)

- Оглас -

Најнови вести