1701 ПСЖ – Ница (20:45 ч.)
ПСЖ на доминантен начин ја одбрани титулата во Франција и е единствен тим во Топ 5 лигите без пораз во домашниот шампионат. На домашен терен Светците сезонава имаат 13 победи и само две нерешени. Во просек постигнуваат речиси по три гола на меч.
Ница се бори за позиција која може да им донесе пласман во Лигата на шампионите, но тешко дека во Париз може да освојат бодови. Сепак, Ница му дава барем по еден гол на ПСЖ на пет од последните шест меѓусебни пресметки.
Предлог тип: ГГ3+ (1.85)
1801 Штутгарт – Хајденхајм (20:30 ч.)
Штутгарт има разочарувачка сезона, но уште има шанси да се бори за место кое води излез во Европа. Хајденхајм е во зоната за испаѓање и само теорија има да се спаси. Двата тима имаат очајни одбрани и примаат многу погодоци сезонава.
На последните два нивни меѓусебни дуели имаше многу погодоци, па резултатите беа 3:3 и 3:1 за Штутгарт.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.85)
2801 Рандерс – Брондби (19 ч.)
Брондби е тимот кој од „сенка“ чека кикс на Копенхаген и Митјиланд за да стигне до титулата во Данска. Рандерс е без големи мотиви, но сигурно пред своите навивачи нема лесно да се предаде.
Делува неверојатно, но девет од последните 10 меча на овие два тима биле со 4+ погодоци, а осумпати било ГГ4+, што е најава за пресметка со многу погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)
5191 Ал Ахли – Мамелоди (18 ч.)
Реванш-дуел во полуфиналето на африканската Лига на шампиони. Ал-Ахли е најпознатиот африкански клуб, но екипата на Мамелоди од Јужна Африка на првиот меч покажа дека може да парира и одигра без погодоци.
Во изминативе три години овие две екипи одиграле три меча и вкупно имало само еден гол, што е некако стандардно за африканскиот фудбал.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.79)
1634 Феенорд – Цволе (21 ч.)
Феенорд е на третото место, но голема е борбата да остане таму бидејќи тоа е позиција која води во квалификациите за Лигата на шампионите. Цволе е речиси сигурно спасен и нема што да бара на ова гостување.
Феенорд има 11 победи по ред против Цволе и во просек постигнува речиси по три гола на меч со овој ривал.
Предлог тип: Т1 1-3 I 1-3 II (1.87)