Ливерпул – Манчестер сити (16 ч.)
Меч кој носи трофеј и тоа тој во Комјунити шилд. Манчестер сити покажа неверојатна доминација во Англија и ги освои сите можни трофеи, а Ливерпул кој беше на чекор до титулата во Премиер лигата, ланската сезона ја заврши со пехар во Лигата на шампиони.
Сите информации за овој меч може да ги прочитате ТУКА, а предноста овојпат е за Граѓаните, иако никогаш не се знае што може да се случи на „Вембли.“
Предлог тип: Х2&2-4 (2.00) – квота на денот во Sport Life
Тотенхем – Интер (16:00 ч.)
Ова е дуел од летниот турнир на Интернационалниот куп на шампиони. Тотенхем и во летниот подготвителен период покажа дека не случајно играше во финалето на Лигата на шампиони, па лондонскиот тим може да се пофали дека во изминативе 15-тина дена ги победи Јувентус (3:2), Реал Мадрид (1:0) и Баерн Минхен (2:2, 6:5 на пенали).
Интер е во незавидна ситуација. Тимот кој најавува дека сака да биде конкурент на Јувентус во трката за Скудетото во Серија А, не може да најде вистинско засилување во нападот. Бидејќи се работи за пријателски меч, се очекува да има погодоци.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.10) – квота на денот во Sport Life
Феенорд – Спарта Ротердам (14:30 ч.)
Градското дерби на Ротердам секогаш носи тензија, но се знае дека фаворит е Феенорд. Можеби звучи неверојатно, но во последните 24 меча никогаш не било нерешено, што само потврдува дека желбата за победа е многу голема. Во овој период, Феенорд има дури 19 победи, а Спарта само пет.
Головите се како магнет за овие средби. На 15 од последните 16 меча на Феенорд имало најмалку по три гола, а Спарта нема некоја гранитна одбрана која не може да се помине.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)
Бенфика – Спортинг (21:45 ч.)
Дури и кога не се работи за меч кој одлучува за трофеј, неизвесноста и тензиите во мечевите на градските ривали од Лисабон, секогаш е присутна. Бенфика е рекордер со 37 титули во пренството, а Спортинг како освојувач на Купот ќе биде дел од борбата за Суперкупот.
Бенфика имаше одлични подготовки, па нареди четири победи по ред и е перфектна во Интернационалниот куп на шампиони, каде ги победи Милан, Фиорентина и Гвадалахара.Спортинг очајно одработи во летниот период и е без ниту една победа во пет средби. Сепак, кога се игра за трофеј, мотивот е посебен.
Предлог тип: 1-2 I& 1-2 II (2.70)
Јанг Бојс – Лугано (16 ч.)
Лугано е тимот кој одлично ја започна сезоната и по две кола уште нема примено гол, па со четири бода е веднаш зад лидерот Базел. И Јанг Бојс има победа и реми, но игра многу понеубедливо. Сепак, традицијата е на страната на домаќините. Седум победи и едно реми има Јанг Бојс во дуелите со овој ривал.
Дуелот сое игра во Берн, што е уште еден плус за Јанг Бојс, па освен „кец“, ова е меч на кој двете екипи може да погодуваат.
Предлог тип: ГГ3+ (1.78)