Ќе има голови во Холандија и Англија, во Серија Б се знае кој ќе победи

1367 Леванте – Валенсија (21 ч.)

Градското дерби ќе го комплетира 18-тото коло во шпанското првенство. Леванте е единствениот тим без победа во Примера и затоа е закован на дното на табелата. Леванте ја има најслабата одбрана во лигата, но и Валенсија нема многу стабилност во дефанзивниот ред.

Во последните 10 меѓусебни средби, Валенсија само еднаш загубила од Леванте, па и сега не би требало да биде поразен.

Предлог тип: Х2&2+ (2.01)

 

1021 Фулам – Шефилд (20:45 ч.)

Фулам е лидер во Чемпионшип во Англија, но тимот нареди четири нерешени во низа и ривалите почнаа да го стигнуваат. Токму затоа домаќините треба да се вратат во победнички ритам, посебно дома, каде што во 11 меча победија дури седум пати.

Овие две екипи лани играа во Премиер лигата, а Фулам тогаш дома победи со 1:0. Шефилд влезе во ритам и во последните четири меча има три победи и едно реми, па сигурно гостите нема лесно да се предадат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)

 

1979 Арис – Јоникос (18:30 ч.)

Во Грција најчесто се игра со малку погодоци, а тоа го потврдува и традицијата на овие два тима. На 10 од последните 11 меча коишто ги одиграле, на крајот не биле постигнати повеќе од два гола.

Арис ја има улогата на фаворит и реално треба да се радува на овој меч.

Предлог тип: 1&0-3 (1.88)

 

3020 Лече – Виченца (20:30 ч.)

Лече е со амбиции за влез во Серија А, а Виченца е последнопласирана со мали шанси да се бори за опстанок. Во последниве 12 месеци овие екипи имаат одиграно три меча и во сите три случаи Лече победил со разлика од еден гол.

Домаќините и сега се фаворити и доколку сакаат да се борат за места коишто водат во елитата, сигурно не смеат да дозволат кикс против „фенерџијата“.

Предлог тип: 1 (1.52)

 

1649 Јонг Утрехт – Графшап (20 ч.)

Холандската втора лига е една од најатрактивните за оние коишто сакаат да играат на голови. Едноставно, не мислат многу на одбраните, па затоа и не е чудно што во последните девет меча на овие два клуба дури седумпати било 4+. И сега голови треба да има на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.06)

 

- Оглас -

Најнови вести