10.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Ќе има голови во Љубљана, Панатинаикос лесно ќе излезе на крај со Днипро-1

6044 Панатинаикос – Днипро-1 (19.30 часот)

Панатинаикос дилемите околу победникот во двомечот со украинскиот тим ги реши во првиот натпревар, на кој славеше со 3:1. Тоа беше прв официјален натпревар за грчкиот тим по завршување на минатата сезона и потврди дека се наоѓа во добра форма во моментите кога се бори за пласман во Лигата на шампионите. На подготовките одигра седум меча, на пет славеше и по еднаш одигра нерешено и загуби. Сега Панатинаикос ќе игра пред своите гледачи и буквално ќе се прашува за сè против Днипро-1.

Предлог тип: 1 & 1+ I & 1+ II (2.35)

 

6726 Слован Б. – Зрињски (20.30 часот)

Слован Братислава вечерва стартува со предност од еден гол (1:0) од првиот меч кој се играше во Мостар. Словачкиот шампион во двомечот со Зрињски влезе многу посериозно од првото коло против Хесперанж од Луксембург, кога пред своите гледачи во првиот натпревар одигра 1:1, и тоа пред своите гледачи. Во саботата, Слован одигра без голови против Кошице во првото коло од новата сезона во домашниот шампионат, а притоа тренерот Владимир Вајс одмори неколку од клучните играчи.

Слован и Зрињски имаат историја на меѓусебни натпревари во европските купови, а последниот двомеч го имаа минатата година во плејофот за влез во Конференциската лига. Тогаш двата тима славеа на домашен терен, а Слован по подобро изведување пенали, се пласира во групната фаза во Лигата на конференции.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.30)

 

6707 Хаити Ж – Данска Ж (13.00 часот)

Женската репрезентација на Данска има шанса со победа над Хаити во последното трето коло во групата Д да обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство. Интересно е што сите четири натпревари во првите две кола од групата Д завршија со идентичен резултат – 1:0. Данска во првото коло загуби од Англија со 1:0, а потоа ја совлада Кина со истиот резултат. Хаити пак минимално загуби и од Кина и од Англија. Фудбалерките на Данска се големи фаворитки против дебитантот на Светските првенства и сè освен победа, ќе претставува изненадување.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.96)

 

6724 Олимпија Љ. – Лудогорец (20.00 часот)

Првиот натпревар кој се играше во Разград заврши без победник 1:1 и вечерва ќе падне одлуката кој ќе игра во третото квалификациско коло за пласман во ЛШ. Олимпија Љубљана пред дуелот со Лудогорец се загреваше со убедлив триумф од 5:0 против Рогашка во словенечкиот шампионат. Олимпија во првото квалификациско коло оствари две победи над Валмиера од 2:1, додека Лудогорец прво загуби со 2:0 од косовскиот Балкани, а потоа во реваншот славеше со убедливи 4:0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.99)

 

6731 Зимбру – Фенербахче (19.30 часот)

Фенербахче работата околу пласманот во следната рунда во квалификациите за пласман во Лигата на конференции ја заврши пред своите гледачи, кога победи со 5:0. И на вечерашниот натпревар, турскиот тим е апсолутен фаворит, но не се очекува да ја повтори играта од првиот дуел, туку рутински да дојде до нова победа.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести