16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Ќе има интересно лето во Сити: Хрватот потпишува во Саудиска Арабија за да биде купена ѕвездата на Баерн?!

Според пишувањата на медиумите од Островот, летово се очекува да има интересен преоден рок во екипата на Манчестер сити. Еден од фудбалерите кој најверојатно ќе биде продаден е хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ, кој би требало да се пресели во Саудиска Арабија.

Граѓаните за овој трансфер треба да добијат околу 30 милиони евра, односно колку и што вложија во хрватскиот репрезентативец. Ваквиот трансфер за многумина е изненадување, но не е изненадување ако се знае дека на неговото место на „Етихад“ треба да пристигне една од најголемите ѕвезди на Баерн Минхен, Џошуа Кимих.

- Оглас -

Најнови вести