Ќе има „јадачка“ пред историскиот меч – Од утре Косоварот Рахмани ќе му биде соиграч на Елмас во Наполи

Амир Рахмани веќе ги договори сите услови со Наполи и утре треба да биде промовиран во нов играч на вицешампионот на Италија, а Косоварот ќе му биде соиграч на нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Наполи ќе и плати 14 милиони евра отштета на Верона за ангажманот на 25-годишнито репрезентативец на Косово, а Рахмани кој игра на стоперската позиција ќе потпише петгодишен договор со годишна плата од 1.8 милиони евра.

Рахмани е стандарден репрезентативец на Косово, селекција која ни е противник во полуфиналето од Д сегментот во Лигата на нации.

Мечот и за двете репрезентации е историски, бидејќи победата ги води на чекор до прв пласман на големо натпреварување, па сигурно ќе има и „јадачка“ меѓу Елмас и Рахмани, кои сега ќе бидат соиграчи.

Дуелот меѓу Македонија и Косово ќе се игра на 26. март годинава во Скопје, а подобрата селекција ќе и оди на мегдан на Белорусија, или Грузија пет дена подоцна во финалниот меч за пласман на ЕП 2020 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести