14.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Ќе има јужноамериканско шоу

4207 Гимназија ЛП – Бока Јуниорс (21:30 ч.)

Меч од 25 коло на првенството на Аргентина, а секако гостите се фаворити. Сепак, Бока сезонава во 11 гостувања има само три победи и „сиромашна“ гол разлика од само девет дадени и 13 примени гола.

Гимназија ретко губи дома (во 11 меча на свој терен има само два порази) и тоа е тим кој игра затворено и со многу калкулации.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.92)

 

4793 Ројал Пари – Боливар (21:30 ч.)

Боливар е најпознатиот клуб од Боливија и за него е нормално секогаш да атакува на висок пласман. Ројал Пари е во долниот дел од табелата и реално за домаќините ќе биде успех ако не загубат.

Традицијата на овие два тима е дека на последните пет меча секогаш имало барем три погодоци.

Предлог тип: 2&3+ (3.00)

 

4243 Флуминесе – Фламенго (21 ч.)

Ова е дерби во првенството на Бразил. Флуминесе игра дома, каде сезонава нема ниту еден пораз (пет победи и две реми), а сега го чека Фламенго, гостин кој игра отворено без многу калкулации и гледа да постигне погодок повеќе од ривалот.

Пред еден месец Фламенго дома победи со 2:0, но ако се погледнат последните осум меѓусебни средби, билансот е израмнет (по три победи на двата тима и две нерешени).

Предлог тип: ГГ3+ (2.19)

 

4305 Магаљанес – Нубленсе (21 ч.)

Главна цел на двата тима ќе биде да опстанат во елитното друштво на фудбалскот во Чиле. Магаљанес досега освои само 12 бода во 16 меча и е на дното, а гостите се со 18 бода во овој период.

Двете екипи имаат слаби одбрани, а кога играат овие два ривали, најчесто има погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

4358 Толука – Хуарез (20 ч.)

Само две кола се одиграни од првенството на Мексико, но јасно е дека Толука има тим за највисок пласман. Хуарез е екипа која игра без многу калкулации, но факт е дека гостите треба да се немоќни на ова гостување.

Предлог тип: 1-1 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести