Интер Мајами и Палмеирас вечерва по полноќ ќе играат меч кој ќе го одреди победникот во групата А на Светското клупско првенство, но тој дуел има и друга посебна привлечност.
Ваквите мечеви на кои на двата тима им одговара одреден резултат, во Италија ги нарекуваат „бисквита“. Со нерешено, и Интер и Палмеирас ќе одат во осминафиналето, и затоа постојат сомнежи за „бисквита“ која би го елиминирала Порто. Затоа и не треба да чуди што кај овој пар, квотата во Sport Life за нерешено е помала отколку на другите средби.
Ако заврши нерешено, бразилскиот тим ќе биде првопласиран во групата, а Интер на Лионел Меси ќе биде втор. Интер ако загуби, може да испадне, но ќе биде потребно и египетски Ал-Ахли да го совлада Порто.