Ќе има ли чартер лет за ракометарите да се вратат во Скопје?
На скопскиот аеродром прво се појави инфо за авион кој треба да слета од Келн во 16:15, а потоа го ОТКАЖАА.

Македонската спортска јавност со нетрпение го очекува враќањето на ракометните херои. Вардар вчера по вторпат за три години стана европски првак. Шампионскиот пехар денеска треба да пристигне во Скопје, но уште не се знае кога.
Првично беше најавено дека ракометарите треба да пристигнат со лет кој на скопскиот аеродром треба да пристигне вечерва во 23:55 часот преку Виена. Сепак, пред малку се појави инфо дека ракометарите со чартер лет попладнево ќе пристигнат во Скопје.
На таблата за информации за авионите кои денеска треба да пристигнат се појави и авионот од Келн во 16:15 часот, но потоа тој лет покажа дека е ОТКАЖАН. Засега точно не се знае кога ќе пристигнат ракометарите во Скопје.
2 Responses
[…] Првично беше најавено дека чартерот ќе биде во 16:55 часо… а потоа летот беше откажан, за сепак на крај, да има чартер лет, кој треба да пристигне нешто пред 19 часот. […]
[…] Прочитај повеќе тука…Ракомет – Спорт Манија […]