23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Ќе има ли голеада и вечерва, ќе суди арбитерот кој делеше правда на Португалија – Швајцарија 5-1

Мексиканецот Сезар Рамос ја доби довербата на ФИФА да биде главен судија на вечерашниот полуфинален натпревар помеѓу Франција и Мароко.

Овој 38-годишен судија од 2014 година е интернационален делител на правда, во 2017 година судеше финале на Светско клупско првенство помеѓу Реал Мадрид и Гремио, а беше и на Олимписките игри во Рио 2016, како и на младинските светски првенства во 2015 и 2017.

На сениорски Мундијали се појавува вторпат, беше и во Русија пред четири години, тогаш судеше на три натпревари. Во Катар ова ќе му биде втор и последен меч, главен беше и на осминафиналната пресметка Португалија – Швајцарија, која заврши со 5-1 за Португалците.

И помошниците вечерва ќе му бидат од Мексико, како и четвртиот судија, додека во ВАР-собата главен ќе биде Канаѓанецот Дру Фишер.

- Оглас -

Најнови вести