На Светското првенство, кое ќе се одржи во следната година во САД, Мексико и Канада, за првпат ќе учествуваат дури 48 репрезентација, што е за 16 повеќе во споредба со Мундијалот во 2022 година, кога настапија најдобрите 32 национални тимови.
Со зголемувањето на бројот на учесниците, се отвори можност на некои помали фудбалски нации да се квалификуваат за завршницата на Светското првенство, а некои веќе ја искористија. Земји како Јордан, Узбекистан и Зеленортски Острови веќе го потврдија своето место на планетарниот собир.
Квалификациите за Светското првенство КОНКАКАФ беа широко отворени, а САД, Канада и Мексико автоматски се квалификуваа како домаќини. Утрово островската земја Хаити направи голем чекор кон квалификациите за Светското првенство со победата од 1-0 против Костарика. Костарика сè уште има играчи како Кејлор Навас и Џоел Кемпбел, но тие не се толку силни како што беа некогаш.
Голот на напаѓачот на АЕК Атина, Францди Пјеро, во 44-тата минута ја обезбеди една од најголемите победи во историјата на фудбалот во Хаити.
Хаити сега се израмни по бројот на бодови со лидерот во групата, Хондурас. Победникот во групата автоматски ќе се квалификува за Светското првенство следната година. До крајот на квалификациите Хондурас ќе гостува кај Костарика, додека Хаити ќе гостува во Никарагва, која веќе ги изгуби шансите за место на Мундијалот.
Хаити еднаш играл на СП, и тоа во далечната 1974 година, кога загуби во сите три меча од групната фаза.

