Денвер нагетс води со 1:0 против Лос Анџелес лејкерс во финалето на Западната конференција во НБА-лигата, а ноќеска се игра вториот меч. Првата средба беше вистинско шоу и беа постигнати дури 258 поени (132:126), што значи во многу нешта границите на кошаркарите беа во „плус“.
За денешниот меч има неверојатна понуда за обложвање во Sport Life. Покрај стандардните игри за вкупнио број поени на играчите, тука се и игрите за „плус-минус“ за бројот на асистенции, скокови, но и украдени топки и бројот на постигнати тројки.
На првиот меч, Никола Јокиќ беше незадржлив и имаше трипл-дабл со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции. Српскиот центар погоди и три тројки, па ако ја повтори оваа игра и во вториот меч, неговите параметри во сите категории ќе одат во „плус“.
Леброн Џејмс, како предводник на ЛА лејкерс, во првиот меч шутна четири пати за тројка и не погоди ниту еднаш, а сега за да биде во „плус“, мора да постигне барем три тројки.