Меѓународниот олимписки комитет во консултации со јапонската влада сериозно размислува да го одложи почетокот на Летните олимписки игри во Токио што треба да се одржат од 24 јули до 9 август годинава.
Причината е позната, тоа е епидемијата на Коронавирус, чиј епицентар е во Азија, а сериозни проблеми има и Јапонија.
Се разгледуваат неколку варијанти, да се одржат Игрите во предвидениот термин без присуство на публика, што не би имало ефект, а и ќе се одрази со огромни загуби за организаторите.
Втора и многу пореална варијанта е ако не стивне Коронавирусот, да се одложат ЛОИ за до крајот на оваа година.