Ќе има ли нов шок за светскиот фудбал? Здравјето на Пеле се влошило

Легендарниот Едисон Арантес до Насименто, познат како Пеле, едвај се движи. Пеле мора да користи помагала за да се движи, а бразилските медиуми пишуваат дека и здравјето на 80-годишниот Бразилец е влошено.

Синот на Пеле, Едињо, потврди дека легендарниот фудбалер тешко се движи и дека добар дел од времето го поминува во инвалидска количка. Едињо потврди дека и здравјето на неговиот татко е влошено и дека Пеле многу тешко спие.

„Татко ми многу тешко се движи. Не е најдобар со здравјето. Му недостасува сон, вистински одмор. Сепак, веруваме дека ќе победи и во овој меч“, рече синот на Пеле.

Само пред неколку месеци светскиот фудбал беше шокиран од смртта на 60-годишниот Диего Армандо Марадона. Аргентинецот почина само две недели по операцијата на главата, а причина за смртта беше срцев удар. Пеле и Марадона се фудбалерите кои беа прогласени за најдобри во историјата на минатиот век.

- Оглас -

Најнови вести