Португалија и Швајцарија се две селекции кои многу добро се познаваат затоа што само пред шест месеци одиграа два дуели во Лигата на нациите. На 5 јуни Португалија дома беше убедлива и славеше со 4:0, но само една недела подоцна Швајцарија успеа да се реваншира и пред своите фанови славеше со 1:0.
Интересно за овие две селекции е дека играат без калкулирање, па затоа ретко ремизираат. Португалија им пет победи и четири порази во последните девет средби, додека Швајцарија е со биланс од пет победи и пет порази на последните 10 дуели.
Овие две селекции меѓу себе одиграле дури 15 меча, а на последните седум немаат нерешено. Според квалитетот на двете селекции, ова е можеби најизрамнетиот дуел од сите осминафинални средби.
Кристијано Роналдо е главен фаворит за постигнување на првиот гол, а Бруно Фернандеш, кој постигна два гола против Уругвај, вечерва двапати да ја затресе мрежата на Швајцарија носи квота дури од 20.
Од досегашните шест осминафинални дуели, само еден заврши нерешено, и тоа меѓу Хрватска и Јапонија, која реално беше и со најголеми шанси за реми. Коцкестите се радуваа на пенали, а постои опција и оваа европска пресметка меѓу Португалија и Швајцарија да се решава во пенал-рулетот. Швајцарците во Сомер имаат одличен голман, кој е специјалист за одбрани, а тоа го потврдија и лани на Европското првенство, кога на пенали ја елиминираа Франција.