Британскиот таблоид „Сан“ објави дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, добил забрана за влез во Велика Британија, одлука што е поврзана со руските воени десјтвија во Украина.
Абрамович има израеслки пасош, но не и британски, што ќе значи дека ако остане одлуката на Британската влада што треба да ја спроведе Имиграциското биро, нема да има можност да влезе во Англија и во ниту една друга земја на Островот.
Рускиот милијардер го купи Челзи во 2003 година и оттогаш тргна походот кон врвот на англискиот фудбал, а клубот е и актуелен европски првак.
Богатството на Абрамович е проценето на околу 9 милијарди евра, а има куќа во Лондон во близина на Палатата Кенсингтон што, ја плати околу 130 милиони евра.
Абрамович е означен како еден од 35-те руски олигарси што ги поддржува Владата на Русија и претседателот Владимир Путин.