Ќе има ли сега победник на големото англиско дерби? Типувајте на Спортска прогноза за „ајфон 11“

Манчестер јунајтед и Ливерпул повторно ќе играат меѓу себе во краток рок, овојпат во ФА купот, а најголемото англиско дерби е во фокусот и во 20-тото коло на Спортска прогноза што е во тек и можете да го одиграте ако имате СЛ картичка од Sport Life.

Сега улогите се сменети и Ливерпул ќе биде гостин на „Олд Трафорд“ во недела од 18 часот, откако првенствениот меч пред три дена на „Енфилд роуд“ заврши без победник и без голови.

Покрај големото англиско дерби кое е во фокусот на популарната Тринаесетка, има уште многу интересни двојки.

Милан ќе треба да прегрми уште еден голем предизвик против опасниот гостин од Бергамо, Аталанта, Монако и Марсеј ќе бијат неизвесна француска битка за да се остане во конкуренција за титулата, а во колото што е во тек и веќе можете да ги правите своите комбинации и прогнози ќе има и дуели од Германија, Шпанија, Холандија…

Наградата е стандардна за секое коло и погодени 13 натпревари, ви носат прекрасен мобилен телефон „ајфон 11“. Играта е бесплатна веќе трета сезона, можете да прогнозирате, да се забавувате и да очекувате бројни награди.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести